Украинскиот претседател купи дрога на Интернет

Киев - Украинскиот претседател, Виктор Јанукович, на седница на владата донесе кокаин и марихуана што ги купил преку Интернет за да им покаже на министрите колку е лесно да се набави дрога во земјата.

На состанокот, кој ја пренесуваше телевизијата, Јанукович ги покажа примероците кокаин и марихуана и остро ја критикуваше владата дека ништо не прави за спречувањето на шверцот со дрога.

Неговата политичка сопарничка, поранешна премиерка Јулија Тимошенко, изјави дека претседателот би требало да одговара за шверцување дрога.

„Ако Јанукович ја купил дрогата, тоа повлекува казна затвор до десет години за растурање дрога“, рече портпаролот на блокот на Јулија Тимошенко. По состанокот, официјалните лица ги запалиле примероците на дрога во дворот на зградата на претседателството. (МИА)


#