Кумановец се задушил во пожар
КУМАНОВО - Кумановецот Димитрија Ѓелиќ (75) вчера е пронајден мртов во својата куќа на улицата ,,11 Ноември‘‘ во Куманово. Се претпоставува дека се задушил од чад од пожар што избувнал во неговата соба, од се' уште неутврдени причини. Кумановецот боледувал од склероза и живеел сам во одделна куќа во дворот на неговото семејство, а го пронашол неговиот син, кој додека се подготвувал за на работа, забележал чад од прозорецот на собата на неговиот татко. Веднаш ја известил противпожарната служба, која го изгаснала пожарот. (Ст.Б.) |