Момче загина во сообраќајка на раскрсница во Охрид
Охриѓанец загина вчераутро во тешка сообраќајна несреќа на раскрсница. Бошко Блажевски (24) вчера околу 5,20 часот, возејќи кон раскрсницата на улиците „Абас Емин“ и „Гоце Делчев“, поради непознати причини, изгубил контрола над мотоциклот „торнадо“ и удрил во дрво. По ударот, паднал од мотоциклот и со главата удрил на тротоарот. Момчето починало на пат кон болница. (Ј.К.) |