Расте бројот на блокирани сметки

И додека власта тврди дека почна раздолжувањето со фирмите, истовремено расте и бројот на блокирани сметки. Тоа покажува дека граѓаните и фирмите и натаму тешко ги плаќаат обврските кон државата и кон банките. Заклучно со октомври, оваа бројка се искачила на рекордни 83.640 сметки. А во однос на септември, бранот на блокирања зафатил три и пол илјади нови сметки. Според податоците од Народна банка на Македонија, од почетокот на годинава бројот на блокирани сметки се зголемил за над 15.000. Лани во најтешката кризна година бројот на вакви сметки бил двапати помал, односно во октомври 2009 година бројот на блокирани сметки изнесувал 42 илјади. Блокадите на сметките се по најразлични основи: ненаплатени побарувања кон банките, кон државата, меѓу самите фирми, кон фондовите. (С.М.)


#