Што прават денеска

Един Хајдерпашиќ

новинар во ТВ А1

Турбо работен ден. Навистина денеска не сум на утринска програма, но затоа сум на вести и тоа значи дека попладне и вечер сум на работа. Претходно ќе се потрудам да направам некои договори во врска со одбраната на магистерската теза во септември и веќе е време да почнам да размислувам за одмор. Одморот ми е за 10 дена, а ништо не сум испланирал.

Блага Петреска

пејачка

Неделава треба да снимам една емисија на Канал 5, па се подготвувам пребарувајќи по старите материјали од мојата архива. Инаку, летово ми е ред работа, ред дружење и шетање со внуците, а на некаков морски одмор размислувам да заминам во втората половина на август.

Љубиша Камењаров

вајар

Денот почнува со ритуалот кафе-чај со синот, па во 11 ч. со колегите вајари на плоштадот во Скопје треба да ја поставуваме инсталацијата „Порти“ како дел од програмата на „Скопско лето“. Вечерва ги отвораме „портите“ да го проветриме градот. Инаку денешниов ден е креативна пауза од работата на спомениците од проектот „Скопје 2014“.


#