17.09.2012, 18:16 Лекции по економија: Нашата влада може да учи од Оланд
Европските лидери исплашени од ефикасноста на мерките што ги презеде францускиот претседател
Францускиот претседател Франсоа Оланд, во првите два месеци откако е на власт, излезе со многу оригинални идеи за тоа како да се заштедат пари во време на криза и каде да се пренасочат за да им се помогне на оние што навистина им се неопходни. Оландовите мерки за штедење се толку ефикасни што ги исплашиле Владите во другите европски земји. Мерките не предизвикале инфлација, а продуктивноста и конкурентноста се зголемила прв пат во последните три години.
Кои се мерките на Оланд.
Тој за 100 отсто ги укинал протоколарните возила и ги продал на аукција. Приходот од продажбата го наменил за изградба на инфраструктурни проекти во предградијата.
Објавил и документ со кој на сите државни претпријатија им ги укинува службените возила. Тој е уверен дека секој вработен кој заработува 600.000 евра годишно, може да купи автомобил, а ако тоа не го стори, или е скржав или неспособен или корумпиран, а на државните институции не им требаат такви луѓе. На овој начин ќе се заштедат 345 милиони евра, кои ќе се инвестираат во нови истражувачки институти за модерна технологија, а по овој основ ќе се вработат 2.560 млади истражувачи.
Оланд со претседателски декрет ги зголемил даноците на сите семејства, не на поединци, чии годишни приходи се над 5 милиони евра. Со тие пари, без да го допре државниот буџет, оваа година ќе се вработат околу 60.000 образовани кадри, од 1 септември веќе се вработиле 6.900 наставници и професори во државниот образовни институции, а во октомври уште 12.500 ќе бидат ангажирани. На црквата и' ја укинал помошта од 2,3 милијарди евра, пари со кои Римокатоличката црква ги финансирала приватните лицеи и училишта. Со овие пари ќе се градат 4.500 државни градинки и 3.600 основни училишта. Оланд вовел бонуси за културата, на пример во библиотеките, оние што ќе вработат најмалку двајца дипломирани експерти, ќе бидат ослободени од данок. Ги укинал и владините и државните весници, ревии, фондации и издавачки куќи. Овие институции ги заменил со клубови кои го промовираат развојот на претприемништвото со поголема додадена вредност.
Интересен е предлогот и за банките. Оние кои инвестираат во развој на домашното земјоделство, ќе добијат даночни олеснувања, а на банките, пак, кои се занимаваат само со парични трансакции ќе им бидат зголемени даноците. Веќе е познато дека Оланд ги намали платите на државните службеници за 25 отсто, а 33 отсто на пратениците, а на другите високи државни службеници кои заработуваат над 800.000 евра годишно, им ги намалил приходите за 40 отсто. На овој начин ќе се заштедат 4 милијарди евра, со кои ќе им се помогне на социјалните категории. На пример, самохраните мајки ќе добијат олеснувања во првите пет години. Сите овие програми за помош на најсиромашните не допираат ниту денар од буџетот. (Ек.Р.) |