Oпштина Гостивар се „оддели“ од државата

ГОСТИВАР - Власта во Гостивар се „оддели“ од државата, со влезови. По дваесет години, во зградата на Општина Гостивар е направен посебен влез за подрачните единици на министерствата за правда, труд, економија... Заедничкиот влез што го користеа вработените и во локалната и во централната власт, сега е влез само за општинарите.

Поради промените, а со цел граѓаните полесно да се снаоѓаат, на влезот за подрачните единици е поставена информативна табла. Исто така, и паркингот пред зградата е поделен на општински и државен, со посебни влезови.

„Ова го направивме за да се зголеми ефикасноста во работењето и за подобрување на услугите за граѓаните, да нема мешање на надлежностите на локалната со државната администрација“. Вака ги објасни причините за физичкото делење гостиварскиот градоначалник, Руфи Османи. Од овие мерки тој за кратко време очекува почитување на работното време и дисциплина, транспарентност, љубезноста во работењето и повисок квалитетот на услугите. (К.К.)


#