БРИТНИ СПИРС

Таткото и' забранува да излегува без градник

Бритни Спирс често се појавува во јавноста без градник, што ги радува посебно бројните папараци, кои деноноќно ја следат поп-принцезата. Тоа почна да му пречи на Џејми Спирс, нејзиниот татко, кој и' забрани да излегува од својот дом без градник и да ги покажува наоколу своите голи гради.

Покрај тоа, таткото на Бритни Спирс премногу бил лут што брадавиците на неговата ќерка барем двапати месечно се појавуваат на насловните страници на најпознатите светски магазини, па сакал да му даде отказ на еден од нејзините телохранителите, поради тоа што и' дозволил да излезе од куќата без „соодветната опрема“.

„Џејми има неверојатна контрола врз Бритни. Тој мрази да гледа фотографии кои паѓаат в очи, а нејзините брадавици се на виделина, па едноставно и' забранил да излегува од куќата без градник“, рече еден извор за магазинот „Сан“, кој додава дека Џејми ја третира Бритни како мало девојче.


#