Нови 23 вработувања во градинки
Градинките во скопската општина Чаир вчера добија согласност да вработат 23 негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал, кои повеќе години се ангажирани со договор на дело. Градинките сега ќе треба да распишат конкурси за вработување на кои ќе можат да конкурираат сите оние што беа ангажирани со нерешен статус. Во градинките на територијата на Општина Чаир работат 80 лица со договор на дело.
Како што рече вчера министерот за труд и социјала, Џелал Бајрами, доделените 23 согласности се први од предвидените 100, колку што ќе се вработат во градинките во Скопје до крајот на годинава. Со договор на дело во сите градинки во скопските општини повеќе години работат околу 300 воспитувачи, негувателки и друг помошен персонал. (С.Р.) |