05.10.2011, 17:14 Кацаров добитник на „Григор Прличев“
Поетот Трајче Кацаров е авторот на поемата „Ако“ која ја освои наградата „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик за 2011 година.
На анонимниот конкурс на „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ поемата беше пријавена под шифра „Таблица осум“, а е избрана со мнозинство гласови меѓу 19 пристигнати дела.
Името на поемата беше соопштено на прес - конференција на 4 октомври, а во објаснувањето на жири - комисијата меѓу другото стоеше дека “ ’Ако’ има современо пеење блиско до сензибилитетот на современата читателска публика и има интересен јазик од филозофски тип, а носи и изненадувања на свеж начин“. (К.Б.) |
|