Што прават денеска

Димитар Андоновски

пејач

Штотуку стасав на Закинтос каде што ќе го минам летниот одмор. Се приспособувам кон климата и кон атмосферата што владее овде и со нетрпение чекам да се фрлам на бањање. Се радувам на претстојниот одмор, убавото друштво, сонцето, водата, плажата...

Горан Бошевски

економист

Првиот дел од денешниот ден ќе го посветам на доработка на последните детали на мојот нов забавен веб-портал iLike.mk, кој треба да се промовира наскоро. Вечерта е планирана за забава со пријателите со оглед на тоа што следува викенд.

Гоце Андреевски

водител во ТВ Алфа

Петок, речиси вообичаен работен ден. Првото утринско кафе го пијам дома и стандардно брзам во телевизија за денешното издание на „Портик“ и последната координација за емисијата. Веднаш потоа заминувам на викенд во Охрид каде што планирам максимално да се релаксирам наполнам батерии за новата работна недела.


#