Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?

Македонскиот клуб Металург не штеди кога е во прашање хрватскиот селектор, Лино Червар, кој, како што пренесуваат хрватските медиуми, наводно добил понуда која не се одбива и гласи 200.000 евра по сезона.

Пред неколку дена Червар го продолжи договорот со Хрватскиот ракометен сојуз и одлучи да биде на чело на репрезентацијата уште најмалку една година. Но, на понудата на скопски Металург, Червар, се чини не може да оддолее. И самиот потвдри дека е во контакт со претставниците на суперлигашот од Автокоманда и дека работата во Скопје е интересна за него. Според него, на Истра отпатувал и првиот човек на Металург, Минчо Јорданов.

„Имам договор со Хрватскиот ракометен сојуз, а имам волја и за оваа работа. Ако Репеша можеше на таков начин да ги води кошаркарите, зошто јас да не можам ракометарите“, изјави Червар за хрватските медиуми, кој според некои извори би заработувал речиси 200.000 евра во Македонија. (24 сата)