„Космофон“ влегува во фиксната телефонија?
Мобилниот оператор „Космофон“ најавува влез во фиксната телефонија, се дознава од неофицијални извори. Операторот е нострифициран како фиксен уште пред две години во Агенцијата за електронски комуникации, но досега не почна со давање услуги од овој ранг. Извесно е дека „Космофон“ ќе влезе во фиксната телефонија за две недели, со што „Македонски телеком“, по „Онтел“, ќе добие сериозна конкуренција на пазарот на фиксната телефонија.
Од „Космофон“ се недостапни за коментирање на оваа најава.
Сето ова се случува во време кога се очекува исходот околу „Космофон“, со оглед на преземањето на грчки „Оте“ од страна на „Дојче телеком“ и можноста со тоа да се појави концентрација на моќ на македонскиот пазар, што може да значи создавање монопол. (А.С.) |