29.12.2011, 16:30 За Мехази приороитет рамковните вработувања
Поголема соработка со владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор и правична и соодветна застапеност на етничките заедници во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, најави денеска новиот втор директор на Фондот, Џемали Мехази.
- Ќе се залагам за успешно имплементирање на усвоениот план на Фондот 2011-2015 година, каде се зацртани основните цели на работењето, функционирањето и развојот на Фондот, за успешно, трајно и стабилно финансирање на Фондот и осигурениците да добиваат квалитетна навремена услуга од здравствениот систем на Македонија, истакна Мехази.
Тој посочи дека ќе се залага заедно со менаџементот на Фондот на имплементирање на политиките на Владата со посебен акцент во делот на здравствениот систем.
|
|