Платите на министрите се намалуваат за 20 отсто

Букурешт - Романскиот премиер Емил Бок соопшти дека од 1 август платите на министрите ќе бидат намалени за 20 отсто до крајот на декември годинава.

Според него, тоа е мерка која покажува дека Владата е загрижена за финансиската ситуација во земјата. Романскиот премиер посочи дека наскоро ќе бидат затворени неколку владини агенции, бидејќи повеќето од нив се неефективни.

Романската влада, исто така, одлучи од 1 август да го намали за 20 отсто бројот на персоналот во кабинетите на високите државни службеници. Со таа мерка, кабинетот се надева дека ќе се заштедат неколку милиони евра од државниот буџет. (МИА)