02.01.2012, 11:10 Папандреу: Европа мораше подобро да не штити
Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу ја критикуваше ЕУ и нејзината монетарна политика во време на криза. - Европа мораше подобро да не штити, и тоа во интерес на другите држави, изјави Папандреу за виенски Профил.
- Европа требаше од почетокот да стави пиштол на маса со тоа што шефови на држави и влади јасно рекоа дека Грција и секоја членка на еврозоната во секој случај мора да бидат сочувани од банкрот, колку и да чини тоа, нагласи грчкиот политичар кого неделникот Профил го прогласи за личност на 2011 година.
Папндреу смета дека дел од одговорноста за грчката криза ја има и ЕУ.
- Европската комисија не е во целост неодговорна, изјави тој додавајќи дека конзервативната влада на неговиот претходник Костас Караманлис во 2004 година усвоила закон со кој огромните расходи во воената област се ретроактивно книжени.
Папандреу по тој повод се обратил до ЕК и прашал: Зошто нешто такво сте прифатиле, но никогаш не добил одговор.
- Грција денеска можеше да биде банкротирана, но тоа го спречивме и горд сум заради тоа, изјави Папандреу.
|
|