05.03.2012, 17:28

Стана милионер на 20 години со картичката од Стопанска банка

Главната награда од 1 милион денари на наградната игра на Стопанска банка ја доби 20-годишниот Кирил од Скопје.

„Пресреќен сум и изненаден што токму јас сум добитникот на главната награда од наградната игра на Стопанска банка. Во декември излегов со намера да ги купам патиките што одамна ми се допаѓаа и при плаќањето првпат ја искористив мојата дебитна картичка ’виса‘. Во тој момент не ни помислив дека оваа моја прва трансакција во трговска мрежа може да ми обезбеди учество во наградната игра и толку голема добивка. Наградата доаѓа во право време за моето семејство затоа што токму во овој период со мајка ми се подготвувавме да аплицираме за станбен кредит од Стопанска банка, па сега ќе настојувам парите да ги искористам дел за новиот дом, но дел секако и за некое интересно патување“, изјави Кирил по добивањето на наградата.

Покрај главната награда, беа извлечени уште 42 награди меѓу кои двајца добитници на награди од 100.000 денари, пет добитници на 50.000 денари, 15 добитници на 10.000 денари и 20 добитници на парични награди во вредност од 5.000 денари. Во наградната игра учествуваа сите оние кои од 15 ноември до 15 февруари во текот на траењето на наградната игра направија трансакција поголема од 300 денари, користејќи ги кредитните и дебитните картички на Стопанска банка. (Ек.Р.)