Милионски проневери во фирмите на "Перо Наков"
(26.11.2010г.-16:44ч.) Милионски проневери се откриени во неколку фирми, чие седиште е на улицата "Перо Наков" бб, односно каде што е и А1 телевизија. Според Управата за јавни приходи, нивните инспектори констатирале дека 7,5 милиони евра се одлеани во други држави, кои се сметаат за даночни рајови. Освен тоа, овие фирми должат околу 1,6 милиони евра за неплатен данок.
Во МВР, пак, соопштија дека во стан во Чаир, сопственост на еден од управителите на фирмите, пронашле околу 100.000 евра, кои биле изнесени од "Перо Наков" бб.
|