МВР: Полициски „Тигар“ го усмртил 22-годишниот Мартин Нешковски

07.06.2011, 15:15
МВР денеска потврди дека припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов го усмртил 22 годишниот Мартин Нешковски од населбата Козле. МВР извести дека Спасов наводно сам се пријавил во полиција вчера околу 18.30 часот.
Информацијата ја сооопшти портпаролот на МВР Иво Котевски. Тој додаде дека сеуште се врши распит на полицискиот припадник за да се утврди точната причина за инцидентот, кој се случи во ноќта помеѓу 5 и 6 јуни во центарот на Скопје, на паркингот на компанијата „Мепсо“.
Пртетходно во Судска медицина на новинарите им беше соопштено дека е извршена обдукција на телото на момче на возраст од околу 22 години, кое било најдено мртв во центарот на Скопје.
Синоќа и во текот на ноќта група млади луѓе протестираа во центарот на градот против полициско насилство. Информацијата за случајот вчера беше проширена преку социјалните мрежи, по што информираа медиумите. Во информацијата се говореше дека едно момче било претепано на смрт од страна на полицаец, по што телото било одвлечкано и покриено со црна кеса. За настанот информирале очевидци кои останале анонимни.
|