Пријателот-монструм на Тони Блер
Блер има многу бизарни пријатели, но Хашим Тачи, кој тргувал со човечки органи, е ненадминат
Пред пет месеци Тони Блер го посети Косово по покана на премиерот, неговиот пријател Хашим Тачи, за да го прими Златниот медал на слободата. Тачи честопати го фалеше Блер за водечката улога во „ослободувањето“ на Косово од српската власт во 1999 година. Нашиот поранешен премиер има некои многу бизарни пријатели. Во новиот извештај од почитуваниот Совет на Европа се обвинува Тачи за надгледување на „мафијашкиот“ прстен на организиран криминал во 90-тите години, кој беше вклучен во атентати, физичко малтретирање, трговија со човечки органи и други сериозни кривични дела.
Во извештајот, кој се подготвуваше две години, се посочува Тачи како личност што вршел „насилна контрола“ врз трговијата со хероин во Косово во текот на изминатата деценија. Личности од неговиот поблизок круг се обвинети за носење одреден број српски затвореници преку границата по завршувањето на војната со Србија во 1999 година, каде што голем број од нив беа убиени заради нивните бубрези, кои беа продадени на црниот пазар.
Бизарно пријателство: пред пет месеци Тони Блер го прими Златниот медал на слободата во Косово од Хашим Тачи - за кој во еден нов извештај се тврди дека е воен злосторник и тргувал со човечки органи. Накратко, премиерот на Косово во извештајот е опишан како главен воен злосторник што доминирал над коруптивната и дисфункционална држава, која по некоја случајност, е потпомогната од Запад, вклучувајќи ја и Британија.
Сепак, токму овој ист Тачи и неговите соработници во таканаречената Косовска ослободителна армија ставени на функции откако САД и Британија во март 1999 година го почнаа жестокиот напад врз Белград , главниот град на Србија. Беа исфрлени повеќе од 250.000 бомби и се верува дека околу 1.500 невини цивили беа убиени. Ова беше првата голема војна на Блер и таа го трасираше патот за следната инвазија на Запад врз Ирак. Круцијалната разлика е во тоа што левицата во глобала и особено либералдемократите се противеа на војната против Садам Хусеин, а и двете беа меѓу главните поддржувачи на Блер додека тој го убедуваше претседателот Бил Клинтон да ги соединат силите во поразување на Србија.
Некои Косовци го гледаат Блер како на херој откако тој имаше голема улога во „ослободување“ на регионот од српска власт - но колку невини животи чинеше бомбардирањето? Оправдувањето на Блер за бомбардирањето на Белград беше дека тоа се прави од хуманитарни причини. Спротивно на Ирак, каде што лажното тврдење на постоење за масовно уништување беше лажирано, речиси и да не постоеше изговор дека британскиот национален интерес е доведен во прашање. Ние реагиравме како светски полицаец - улога што повторно ја игравме заедно со САД кога го нападнавме Ирак во март 2003 година. (Мејл онлајн) |