„Космофон“ со нови при-пејд понуди

„Космофон“ воведе две нови понуди во при-пејд сегментот „Пакет минути“. Корисниците можат да изберат неделен пакет минути „КосмоВик“ со 150 минути за 50 денари и дневен пакет минути „КосмоДеи“ со 60 минути за 20 денари без ДДВ.

Неделниот пакет важи седум дена од моментот на активирање, додека дневниот пакет може да се искористи во период од 24 часа од моментот на активирање. Дневниот пакет може да се активира најмногу три пати во текот на денот, додека неделниот најмногу пет пати во текот на неделата. Корисникот може да избере само еден пакет во исто време, а избраниот пакет автоматски се реактивира без барање на корисникот. Со новите пакети корисниците можат да зборуваат по цена од 0,3 денари за минута кон сите броеви на „Космофон“, „Ало“ и „Фрог“. (А.С.)