Што прават денеска

Ристе Алексовски

режисер

Голем дел од денот го трошам на последните подготовки на МОТ, што започнува в сабота на 19 септември. Вечерва, пак, работам на подготовката на премиерата на мојата претстава „Ескуријал“, што ќе се одигра на 23 септември, во рамките на МОТ. Главните улоги ги играат Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски.

Татјана Лазаревска

пејачка

И покрај амбициозните домашни активности - предесенско чистење, денеска во 12 часот одам на прес-конференцијата на фестивалот „Филиграни“, на кој ќе настапувам в петок. Пресот е во МКЦ, а фестивалот ќе се одржи во Домот на АРМ.

Боби Серафимовски

музичар

Денеска сум испрограмиран за средување на мојата нова веб-страница. Така што, малку ја оставам на стенд-бај работата врз музиката за еден филм, со што сум ангажиран во последниов период. Вечерта ми е само за семејството.

 


#