Му барале рекет од 100.000 евра

Педесет и деветгодишен жител на Радолишта во охридската полиција пријавил дека Д.Л. (43) од Франгово и други лица што ги ангажирал тој, му барале изнуда од 100.000 евра. Му се заканувале дека ќе му убијат блиски од семејството и дека ќе му го запалат имотот. „СВР - Охрид презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. (Г.А.)


#