Кикс на Франција, Србија пред пласман во Ј. Африка

„Триколорите“ ремизираа против Романија (1:1), со што на Србија и' го отворија патот за СП

Франција на домашен терен не успеа да ја совлада одамна прежалената Романија, мечот заврши 1:1, а со тоа предноста на водечката Србија изнесува четири бода во однос на актуелните вицешампиони, кои в среда гостуваат во Белград. По многуте пропуштени шанси отпорот на гостите беше скршен во 48. минута со голот на Анри, но само осум минути подоцна Жулијен Ескуде ја уфрли топката во сопствената мрежа за 1:1. До крајот на мечот Французите напаѓаа безидејно и не создадоа ниту една посериозна прилика за гол.

Квалификации за СП во Јужна Африка 2010 година

Група 1

Данска - Португалија 1:1, Унгарија - Шведска 1:2

Табела: Данска 17, Унгарија 13, Шведска 12, Португалија 10, Албанија 6, Малта 0.

Група 2

Молдавија - Луксембург 0:0, Израел - Летонија 0:1, Швајцарија - Грција 2:0

Табела: Швајцарија 16, Грција 13, Летонија 13, Израел 9, Луксембург 5, Молдавија 2.

Група 3

Полска - С. Ирска 1:1, Словачка - Чешка 2:2

Табела: Словачка 16, Северна Ирска 14, Полска 11, Словенија 11, Чешка 9, Сан Марино 0.

Група 4

Азербејџан - Финска 1:2, Русија - Лихтенштајн 3:0

Табела: Германија 19, Русија 18, Финска 13, Велс 9, Азербејџан 1, Лихтенштајн 1.

Група 5

Ерменија - БиХ 0:2, Турција - Естонија 4:2, Шпанија - Белгија 5:0

Табела: Шпанија 21, БиХ 15, Турција 11, Белгија 7, Естонија 5, Ерменија 1.

Група 6

Украина - Андора 5:0, Хрватска - Белорусија 1:0

Табела: Англија 21, Хрватска 17, Украина 14, Белорусија 9, Казакстан 3, Андора 0.

Група 7

Австрија - Фарски Острови 3:1, Франција - Романија 1:1.

Табела: Србија 18, Франција 14, Австрија 10, Литванија 9, Романија 8, Фарски Острови 1.

Група 8

Бугарија - Црна Гора 4:1, Грузија - Италија 0:2, Кипар - Р. Ирска 1:2.

Табела: Италија 17, Р. Ирска 16, Бугарија 11, Кипар 5, Црна Гора 4, Грузија 3.


Бразил го засрами Марадона среде Аргентина

Бразил со победата над својот лут ривал Аргентина од 3:1 во меч одигран во Розарио, обезбеди настап на Светското првенство во Јужна Африка, додека составот на Диего Марадона се најде во многу непријатна ситуација. Пред тешкото гостување во Парагвај „гаучосите“ и натаму се на несигурното 4. место со два бода предност пред Колумбија и Еквадор, и четири пред Уругвај и Венецуела. Одбираната на Аргентинците ја предводеа неискусните Отаменди и Домингез, Бразилците ја скршија од прекини. Во 24. минута на центаршут на Елано поентираше Луизао, а на 2:0 зголеми Луис Фабијано во 30. минута, по слободниот удар на Елано и ударот на Фелипе Мело. Датоло во 65 минута со прекрасен удар од 30. метри намали на 2:1, но сите надежи на Марадона и на неговиот состав ги уништи Кака, кој две минути подоцна со маестрална длабинска топка го проигра Фабијано кој мајсторски го совлада Андујар за конечни 3:1. Тоа е прв поразна Аргентина на свој терен во квалификациите по 16 години. Во 1993 година во Буенос Аирес Колумбија славеше со 5:0.

Резултати: Перу - Уругвај 1:0, Колумбија - Еквадор 2:0, Парагвај - Боливија 1:0, Аргентина - Бразил 1:3, Чиле - Венецуела 2:2.

Табела: Бразил 30, Чиле 27, Парагвај 27, Аргентина 22, Колумбија 20, Еквадор 20, Уругвај 18, Венецуела 18, Боливија 12, Перу 10.


#