Граничен полицаец се самоубил со пиштолот

Полицаец од Граничната полиција се самоубил завчера во својот дом во скопската населба Илинден. Според МВР, Драган Миленковски (28) во неделата попладнето со службениот пиштол и си го одзел животот. Неговото тело, по наредба на истражен судија, е дадено на обдукција. Причините поради кои Миленковски се одлучил да си го одземе животот, според полицијата, се' уште не се познати. (Ј.К.)