Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје

По неколкудневни најави, вчера во Скопје, конечно, стасаа првите автобуси на украински „Лаз“. Засега се пристигнати само пет од договорените 15 автобуси, како прва пратка од владината набавка на вкупно 84 „обични“. Еден автобус е во Скопје од пред Нова година, како примерок поради хомологацијата, а другите девет се очекува да стасаат најдоцна до 31 јануари. Според најавите од ЈСП, тие ќе бидат пуштени во сообраќај откако ќе завршат сите правни процедури. Во прво време автобусите ќе ротираат на неколку линии, но најчести ќе бидат на „3“, „5“ и „15“. (Дс.Т.)


#