Просечната плата во јули 19.763 денари

Просечната месечна плата во јули годинава изнесувала 19.763 денари (околу 320 евра) и на годишно ниво е повисока за 25 отсто. 0Ова вчера го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите: здравство и социјална работа (48,8 отсто, снабдување со електрична енергија, гас и вода (46,5 отсто и образование 35,8 отсто). Заводот за статистика додава дека со примената на концептот на бруто-плата настанаа структурни промени во податоците за нето-платите со вклучување на надоместоците за храна и превоз во платите, што треба да се земе предвид при споредба на податоците од јули 2009 година со податоците од претходните години.Просечната месечна исплатена бруто-плата во јули изнесувала 29.730 денари (околу 480 евра). Во јули

2009 година, 3,4 отсто од вработените во Македонија не примиле плата. (Макфакс)


#