ЕЛТОН ЏОН И ДЕЈВИД ФУРНИШ

Престари за да посвојат дете

Барањето на брачниот пар Елтон Џон и Дејвид Фурниш за посвојување на 14 - месечниот Лев од домот за деца без родители во Украина ќе биде отфрлено поради нивната хомосексуалност. Според украинскиот закон, не е дозволено хомосексуален пар да посвојува дете.

Желбата на Елтон и Дејвид да го посвојат Лев се родила кога го здогледале детето во домот. „Дејвид и јас долго време разговаравме. Дејвид отсекогаш сакаше да посвоиме дете, но бев против, бидејќи имам 62 години, многу патувам и тоа не би било фер спрема детето. Но, штом го здогледав Лев, веднаш ми го украде срцето и би бил пресреќен кога би му дале дом и топлина“, изјавил Елтон.

Освен сексуалната определба, целата постапка за посвојување ја отежнува и фактот што Дејвид и Елтон се престари. Законот дозволува разликата во годините меѓу посвоителот и детето да не биде поголема од 45 години. Ако успеат да ги надминат сите овие пречки, според украинскиот закон, би требало брачната двојка да го посвои и братот на Лев.


#