Бети Вајт

Сексуално активна и во деветтата деценија од животот

Славната актерка Бети Вајт, која за три месеци ќе наполни 89 години, за медиумите откри дека се' уште има желба за секс. „Зарем потребата за секс треба да помине со годините? Чекам кога ќе дојде тој ден“, кажа Бети за магазинот ААРП. Исто така, легендарната „златна девојка“ призна дека со првиот сопруг, пилот на американската армија Дик Баркер, се венчала само поради добриот секс. „Се зедовме затоа што обожававме да спиеме заедно. Сето тоа траеше шест месеци, а за таа половина година не станувавме од креветот“, признава Бети.

По неуспешниот прв, но и вториот брак со холивудскиот агент Лејн Ален, како што откри и самата актерка, ја запознала љубовта на својот живот - Ален Ладен, со кого среќно живеела се' до неговата смрт во 1981 година. „Тајната на нашиот брак беше добрата доза ентузијазам. Кога знаев дека Ален си доаѓа дома, секогаш ќе се туширав, ќе се нашминкав и ќе променев облека“, кажа актерката, која моментално е слободна. „Сега немам некој тип покрај мене, но да е Роберт Редфорд некаде во близина, ќе имавме многу активен и возбудлив сексуален живот“, признава 88-годишната актерка.


#