Каролина во трка за 250.000 евра

Македонската поп-пејачка Каролина се пласираше во финалето и се наоѓа во трка за главната награда од 250.000 евра на бугарското реално шоу „Пеј со мене“, кое се емитува на бугарскиот канал „Нова“. „Пласманот во финалето е неочекуван и претставува голем успех“, велат нејзините менаџери од „Авалон продукција“, кои потсетуваат дека нашата пејачка е единствениот странец во шоуто на кое се гласа исклучиво по пат на СМС.

Финалето е вечерва во софиската сала „Фестивална“, каде што Каролина ќе настапи вечерва со песна од Шакира, „Hips Don’t Lie“, а нејзин партнер е дваесет и едногодишниот Павел Михов, кој според пропозициите на шоуто е анонимен пејач.

Продуцент на шоуто е познатиот бугарски шоумен Славеј Трифунов.