Грофицата Анка - велеграѓанка

Славчо Филипчев

(ВМРО-ДПМНЕ му се закани на Јакимовски поради армиските станови)

Читав што рекла и не можев да се изначудам, прашувајќи се како Анка Спасовска успеала за толку кратко време (можеби шест години и не е толку кратко), својот ИЉ да го издигне на толку високо ниво, употребувајќи ниски и мизерни, за еден „интелектуалец“ и „висок“ политички свесен кадар од нејзин калибар (според мене), зборови и споредби за други луѓе, а притоа не осврнувајки се или заборавајќи на сето она што го чинела во еден не толку одамнешен период.

Ја запознав во времето на една предизборна кампања, во која како членови на различна политичка опција, бевме коалициски партнери. (Јас, како и секогаш, ги следам и ги почитувам одлуките на својот лидер. Попаднав во нејзиното друштво, кое подоцна не можеше да ме смисли поради тоа што бев остар критичар на нивните настапи). На тие избори коалицијата што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ успеа да се избори за неколку општински советници меѓу кои бевме Анка и јас.

На седниците на Советот, оваа денешна гласноговорничка и плукачка Анка, беше само анамка. Нека се погледнат записниците од седниците на Советот од тој период и ќе се види што воопшто кажа за четири години. Најобична (диригирано-инструирана) дигазопростачка. На седниците кога на дневен ред беа советнички прашања, знаеше да го праша тогашниот градоначалник А.Петров: „Колку вработени има во општинава?“ (Прашањето како папагалче го повторуваше на секоја втора седница, мислам).

Но, тогаш таа не беше „примитивец на годината“ (беше ситна душичка за така голем епитет) ниту „злосторник спрема својот народ“ (не знам што подразбира под „злосторник“, но ако за овој збор конкретно мисли како мене (а не е во таква можност), тогаш и таа беше таква. И тоа каков.

На една од седниците на Советот, нејзината група го постави прашањето за легалноста на изградбата на џамијата во Нерези. Салата преполна со гости меѓу кои претставници на ОБСЕ, Исламската верска заедница, невладини здруженија и неодминливите поклоноци на анкините сопартијци. Џамијата беше изградена со средства на граѓаните и без денар партиципиран од властите (локални или републички). Таа прва дигна рака за предлогот, џамијата да се урне. Замислите да се урне веќе изграден

верски објект. Зошто ниту еден од нејзините партиски лидери не и' укажа дека таквото гласање ќе има и тоа какви меѓуетнички реперкусии со злосторничка конотација? Но, тогаш нејзиниот ИЉ беше во мирување. Сега најде да зборува за злосторство, а крева прсти за една фашизоидна идеја!

Општината Карпош (тогаш беше вообичаена практика) за да ги донесе своите планови за развој за наредната година, на тродневни аналитичкопредлагачко-дискусиони состаноци, да ги одведе советниците во Маврово, каде што во релаксирана атмосфера, со студени глави и поради чистиот воздух, здрав разум, советниците да го сторат она за тоа што се дојдени. Се' беше на сметка на општината. Дури и сметките за ноќните веселби и дружења на советниците (а ги имаше секоја вечер) ги плаќаше општината. На една таква средба присуствуваше и советничката Спасовска. Но, не издржа до крај. Не' напушти пред време.

На првата следна седница на Советот по мавровското патешествие, таа истата Анка, токму како примитивец на годината го постави прашањето за надомест на патни трошоци за времето поминато во Маврово. Се работеше за сума од над 200 денари. И таа „законска обврска“ на која се повика Спасовска, општината ја исполни. Ајде де сега: кој е примитивец, а и „арамија“ на граѓанските пари?

И оваа „контеса“ (или, пак, лејди) од Влае се најде на вмровско трасираниот пат на кој селото Подржи коњ им боде очи, заборавајќи притоа дека селанчево оттаму им дојде во Скопје и дотурка до министер. Каде се тие велеграѓани? (За понатаму не знам). Треба да учат од Стевче.

Се прашувам уште нешто. Каде се оние силни сдсмовски кадри и учесници во собитијата за кои зборувам (а можеби знаат и нешто друго), барем со два збора да застанат на страната на клеветениот Стевче Јакимовски.


#