Теренецот „пежо 4007“ во Македонија, Каролина доби „308“

Не одбегнувајќи ја состојбата дека теренските возила се престижниот момент дури и на урбаното секојдневје, француската автомобилска куќа „Пежо“ во четвртокот вечерта во Музејот на современата уметност во Скопје го претстави својот најнов модел на теренското возило „пежо 4007“. Ганц новите теренци на „Пежо“, пркосно поставени на скалилата преку кои се пристигнуваше на коктел-дестинацијата, ги „пречекуваа“ ВИП-гостите од македонскиот јавен живот. Додека се очекуваше слетувањето на падобранците како атракција во ноќта над Музејот, гостите ги забавуваа Каролина Гочева, заштитно лице на „Пежо“ за Македонија, и групата „Деј оф“. Кога забавата во чест на новиот „пежо 4007“ стигна до кулминација, претставниците на „Пежо“ на Каролина и' доделија ново „пежо 308“. (Ј.П.)