Што прават денеска 
Дејан Павлески
 
  ПР издавачка куќа „Матица“ 
Денов ми почнува со промоција на македонското издание „Маркетинг“ на проф. Филип Котлер. Потоа се собира екипата и продолжуваме со интензивните подготовки за Саемот во Франкфурт, покрај тоа ги имам тековните работни обврски. Вечерва планирам една прошетка и кафе со семејството и со пријателите.  
Д-р Жанина Петрова 
 
  Центар за очи „Визија“ 
По годишниот одмор денеска првиот работен ден е полн со обврски. Претпладне се закажани прегледи, а попладне во „Визија“ имам разговор и консултации со менаџерот. Син ми почнува со студии, па попладне со него и со ќерка ми, на наш начин, планираме да го одбележиме почетокот на учебната година.  
Рада Аврамовска
 
  раководител во УХРМ 
Денеска е прв училишен ден и тој ќе почне со ќерка ми. Моите обврски на работа се вообичаени се' до крајот на работното време. Попладнето со ќерка ми одиме да набавиме училишен прибор, а вечерта ќе ја поминам релаксирано - во кругот на најблиските. 
   |