Ноеми Ленор

Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие

Супермоделката Ноеми Леноар, девојка на познатиот фудбалер Клод Макелеле, се обидела да се самоубие минатиот викенд, пиејќи коктел од лекови и алкохол во нивниот дом во Париз. Во неделата откако Макелеле ја пронашол онесвестената девојка на подот, веднаш викнал Брза помош, но набрзо таа се освестила, а по неколку часа и излегла од домот. Малку подоцна случаен минувач ја пронашол како лежи онесвестена на патот, по што веднаш била префрлена во болница, каде што било утврдено дека испила голема количина алкохол и лекарства.

„Ноеми беше прилично вознемирена и, очигледно, многу болна. Се обиде да си наштети и да се повреди себеси. Итно е префрлена во најблиската болница каде што и' е обезбедена потребната помош поради симптоми на труење. Се чини дека нејзиниот обид за самоубиство беше алармантен повик за помош“, откри за француските медиуми извор близок до супермоделот.


#