Хроника
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
20.06.2011, 14:57
Доколку во Министерството за внатрешни работи не постои уште еден вработен на возраст од 31 година и доколку и тој не е роден во Штип, тогаш постои голема веројатност „тигарот" Игор Спасов, кој е осомничен за убиството на младиот Мартин Нешкоски, и другпат да бил покриван од МВР за незаконски дејства.
Игор Спасов, според сознанија до кои дојде „Утрински весник", и порано бил во судир со законот. Припадникот на полициската единица „Тигар" е веројатно истото лице што пред повеќе од три години било учесник во сообраќајна незгода, во која едно лице се здобило со повреди.
Настанот во кој се споменува името на Игор Спасов се случил на 18 ноември 2007 година. Иако во сообраќајката полесно било повредено само едно лице, овој случај го следат одредени недоследности и отстапувања од правилата. (Љ.С)
(Целосниот текст ќе можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Утрински Весник“)
|