Помош за семејството Бучковски

По увидот во претрпената штета на опожарениот стан на семејството Бучковски од скопската населба Кисела Вода, менаџментот на Еуростандард банка одлучи комплетно да ја санира штетата и да го реновира нивниот дом. Имено, пред околу еден месец, на улица „Емил Зола“, во пожар речиси до темел изгоре станот на семејството Бучовски, кој се наоѓа на приземниот кат од зградата. По тој повод, во единствената соба од станот што остана недопрена од огнот, претставници на Еуростандард банка му доделија хуманитарна помош на ова петчлено семејство, во кое нема ниту еден вработен и кое секој месец го преживува само со 2.000 денари социјална помош. (Ек.Р.)


#