За три дена две самоубиства со скокање од Искрин мост

КУМАНОВО - Маж на околу 50 години завчера попладне околу 17 часот си го одзеде животот скокајќи од Искрин мост на реката Пчиња на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Падот од мостот, кој е висок триесет метри, бил кобен за мажот чиј идентитет се' уште не е познат. Во СВР - Куманово велат дека се работи на идентификација на покојниот што се одвива отежнато, бидејќи никој во меѓувреме не пријавил исчезнат човек. Ова е втор случај на самоубиство на ваков начин за само три дена.
Пред три дена со скокање од фаталниот Искрин мост животот си го одзеде 45-годишниот бизнисмен Драган Цветковски, кој потекнува од едно од најугледните семејства во градот.
Граѓаните укажуваат на потребата од стручни анализи на мотивите за суицидни чекори на жртвите, но и на феноменот на зачестени самоубиства, токму од кобниот мост на реката Пчиња. (Ст.Б.) |