Македонски Албанец уапсен во САД
Македонскиот Албанец, Амиди Дервиши, е уапсен во САД откако со нож им се заканувал на полициски службеници во градот Мористоун. Американските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил завчера попладне кога Дервиши (37) во полициската станица во Мористоун влегол со уште еден маж. Се наведнал кон прозорецот на диспечерите и побарал да се види со извесен детектив, од кого ја побарал јакната што му била одземена. Детективот побарал повеќе информации за случајот, но тогаш Дервиши извадил нож и заканувајќи се, извикал: „Јас ја завршив вашата работа, еве како го правиме тоа“. Потоа го фрлил ножот и се обидел да побегне, но набргу бил совладан.
Другиот маж што влегол со него во станицата, тврдел дека бил принуден да му прави друштво на Дервиши, кој му се заканувал дека во спротивно ќе го убие. Нашинецот е испратен на психијатриско вештачење, а со него се занимава и Бирото за мигранти, бидејќи Дервиши влегол во САД илегално. (Г.А.) |