Што прават денеска
Дени Станоевска-Џидрова
радиоводителка
Станувам во 6 часот за да ја нахранам Миа, а потоа одам на работа во Антена 5, првпат по една и пол година. Многу сум возбудена, но и малку исплашена како ќе ја оставам Миа, иако е во сигурни раце - со баба и тато. Кога ќе завршам, во 9,30 ч. сум дома, па пак хранење и нанкање. После како и секој ден: малку играње, гледање цртани, читање сликовници и приквечер шеткање. Кога ќе си дојдеме дома бањање и спиење.
Панчо Ака Шорти П
диџеј
По напорниот викенд и турнејата на промовирање на новиот албум на ДНК, понеделнички ќе си дозволам да станам подоцна. Во 15,30ч. одам на аеродром за да ги пречекам гостите од Загреб, хип-хоп групата "Елементал", кои утре имаат концерт во летниот клуб "Хавана" на кој ќе го промовираат нивниот нов албум "Вертиго". Одиме заедно на ручек, а вечерта ја чувам за моите блиски луѓе од продукција "Република" и кроење на летната стратегија.
Даниел Стојмановски
пејач
Бидејќи имам гости од Србија, планирам утрово малку да ги прошетам низ градот и, секако, да ги однесам на кафе на кеј. Потоа продолжувам во студио кај Масевски каде што го спремаме мојот нов албум, а веќе околу 17-18 ч. влегувам во теретана. Остатокот од денот- усовршување на репертоарот за живи свирки и, секако, излегување со мои драги луѓе. |