Самарџиски жали за македонските навивачи

„Непотребната нервоза и несфатливиот пад на концентрацијата се основните причини зошто загубивме така како што загубивме“, смета нашиот највисок играч Предраг Самарџиски. „Сега останува да се подобриме. Мислам дека имаме сили за тоа. Не треба да го сфатиме поразот толку трагично“.

„На таков развој на настаните не' предупреди селекторот уште пред да почне ЕП. Во соблекувалната имаше позитивни реакции. Едноставно, тоа ни се случи“, посочи Самарџиски, кој заедно со своите соиграчи до доцните часови сурфал по интернет-форумите на кои активно го коментирале мечот со Грција македонските навивачи.

„Ги гледаа коментарите и тоа силно ги погоди. Многу им е криво за поразот. Но, јас ги знам, негативните коментари секогаш делувале позитивно на нив“, тврди селекторот Арсиќ.


#