Пијан син крвнички ги претепал родителите

З.Л. (42) од битолско Долно Српци вчера доби кривична пријава затоа што пред два месеца крвнички ги претепал своите родители. Според МВР, З.Л. на 1 март годинава, во семејната куќа во Долно Српци дошол во алкохолизирана состојба, по што без никаков повод, ги претепал своите родители. (Г.А.)