Најголемата банка има сиромашен директор

Лондон - Директорот на најголемата банка на светот, кинеската Индастријал енд комершал банк оф Чајна (ИЦБЦ) лани заработил 160 илјади евра. Со толкава плата би требало да работи уште 82 години за да спечали колку најплатениот директор на банка, Џејми Дајмон. Тој е директор на четвртата по големина банка на светот, Џеј Пи Морган Чејс, кој лани за нејзиното водење зема 13,33 милиони евра. Најдобро платен директор на банка во Европа е Алфредо Саенз, кој за плата од 9,3 милиони евра годишно ја води банката Сантадер. Кинеската ИЦБЦ минатата година ја заврши со добивка од 11 милијарди евра, што е за 36 отсто повеќе од 2007, додека Џеј Пи Морган лани имаше профит од 3,8 милијарди евра, што е третина од добивката остварена претходната година. Контрастот меѓу платите на директорите на најголемите американски банки и нивните колеги во другите делови на светот беше тема и на состанокот на групата Г-20. (Макфакс)


#