Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Матичните лекари се сомневаат на мутиран вирус, а вирусолозите велат дека за такво нешто немаат податоци од СЗО
Јасмина Јовановска
Необично агресивен белодробен вирус последните десетина дена ги коси и младите и старите лица во земјава. Инфекцијата доаѓа ненадејно. За два-три часа се јавува висока телесна температура и до 40 Целзиусови степени, која болните ги легнува на кревет. Иако според симптомите вирозата е малку необична и потсетува на грип, лекарите не се сигурни. Тие не знаат дали е грип или некој изменет вирус зашто за тоа треба да се изјаснат епидемиолозите. Во лабораториите на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) се' уште не е докажан вирусот на грип. Не зашто не се испитува, туку примероците кои досега се анализирани не покажале присуство на вирус на грип. Оттаму велат дека е потребно подолго истражување за да се каже дали е мутиран вирус. Притоа, се жалат дека вирусот на грип не е докажан, бидејќи имаат слаб и недоволен примерок на брисеви земени од болните.
Според симптомите на кои се жалат пациентите, матичните лекари се сомневаат на белодробен вирус. Но, велат дека овој вирус се разликува од претходните вирусни инфекции што се јавуваат на горните дишни патишта. Поголемата агресивност на вирусот лекарите ја објаснуваат со тоа што речиси сите болни развиваат висока температура, над 39 степени, како за грип, а нема други симптоми на грип, како што се болки во мускулите и коските. Необично е тоа што кај одредени пациенти се јавува необична и необјаснета дијареја.
„Болните се жалат на упорно високи температури кои само краткотрајно се симнуваат со антипиретици. Овие симптоми траат и по
|