Европратеникот Чарлс Танок ни го сврте грбот

Британскиот европарламентарец Чарлс Танок, кој важи за близок до ВМРО-ДПМНЕ, побара од Европската унија да не ги одолговлекува преговорите со Црна Гора или, пак, одлуката за тоа да ја чека Македонија.

„ЕУ треба да го оценува поединечно напредокот на балканските земји и притоа би било многу погрешно ако Црна Гора ги чека Македонија и Србија за да ги почне преговорите со Унијата“, изјавил Чарлс Танок.

Според него, чекање повеќе од една година за преговори не би било фер.

„Чекање од една година е нешто со што може да се живее. Но, се' што е повеќе од тоа би било повторување на случајот со Македонија и политичка предрасуда. Тоа би било неприфатливо за Европскиот парламент“, изјавил Танок за црногорските медиуми.

Лошиот пример на Македонија очигледно им пречи и ги плаши балканските кандидати за ЕУ, кои на неа гледаат како на сопирачка, но и како модел што може ќе се следи. (Н.Р.)


#