Што прават денеска

Војче Китановски

хуморист

Учебната година завршува, што значи дека завршуваат и настапите во училиштата. Затоа ги активирам контактите со организаторите на културните лета низ Македонија и договарам настапи за целото лето. Во Македонија, сега има 15- 20 културни лета, што отвора поголеми можности за летни ангажмани на естрадата.

Сузана Гавазова

пејачка

Пред три-четири дена се вратив од двомесечна турнеја низ Канада, каде што настапуваме со голем успех кај нашинците, заедно со Ферус и Гоце Костовски- Пејак. Оваа недела се адаптирам на временските и климатските промени, па одморам. Идниот викенд имам настап во Швајцарија и ме очекува долго работно лето.

Кристијан Габровски

композитор и муз. продуцент

Овој период меѓу пролет и лето, вообичаено, ми е работен, но повеќе со некои подготвителни активности пред да се влезе во студио. Во план е да го завршиме студиски новиот албум на Дани, па, главно, работам на тоа. Всушност, се' друго е готово, па идната недела би требало да влеземе во студио.


#