Што прават денеска

Кристина Арнаудова

пејачка

Деновиве речиси постојано сум во студиото „До-ре-ми“ и интензивно работам на мојот нов албум. Денеска е во план со момците од „Ај Кју“’ да ги снимиме гитарските делници и вокалите и доволно е работа за денес. Вечерта ми е планирана за дружење со пријателите.

Сузана Акбелге

актерка

По ангажманите и обврските околу „Охридско лето“, ми се чини дека само оваа недела ми е за одмор. Навистина, во Скопје сум, но викендот ќе го минам релаксирано, а потоа ќе се обидам да завршам некои работи што не можам во текот на годината. Веќе во септември патуваме на театарски фестивал за Кипар со „Госпоѓица Јулија“.

Верица Пандиловска

пејачка

Мојот денешен ден може многу кусо да се објасни, но долго ќе трае. Денеска сум на свадба кај близок братучед, а тоа значи дека целиот ден е за веселба. Навистина се радувам на вакви големи семејни собири, со убав повод. И, секако, им посакувам многу среќа на младенците.


#