15.03.2012, 16:42 И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Во серијата приватни тужби насочени против лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, се вклучи и претседателот на Социјалистичката партија, Љубисав Иванов-Ѕинго.
Бошкоски и овој пат е тужен за клевета, односно за искажан став во неделникот „Фокус“, а освен него со тужбата е опфатена и главната уредничка Јадранка Костова. Судењето е одложено поради тоа што тужениот Бошкоски немал ангажирано бранител, а само за денеска против него ќе се водат уште два судски процеса иницирани со приватна тужба. (Љ.С.)
|
|