Тачи: Ич не не' интересира името!
„Ич не не' интересира проблемот со името, тоа е проблем на Македонците. Затоа што тука многу работи се нејасни. Македонците бараат јас да се солидаризирам, бидејќи некој сака да им го уништи идентитетот. А тие секојдневно, почнувајќи од устата на премиерот, па до обичниот Македонец, мене ми го уништуваат идентитетот со зборовите: македонска држава, македонска култура, македонска Армија...“ , изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервју за Радио Слободна Европа.
За односите со СДСМ, Тачи вели: „Немам емоции, ниту позитивни ниту негативни. Јас сум политичар и кога ќе седнам, со секого ќе разговарам. Без оглед која политичка сила од страна на Македонците ќе добие легитимитет, ќе ни биде легитимен партнер за дијалог, за договор, за заедничко владеење, под услов да се договараме и за нашата платформа и за нашата програма“. (П.Р.) |