Со дупликат апликација на „Фејсбук“ до податоци на корисниците

Порталот „Фејсбук“ дозволува аплодирање на различни апликации од корисниците, таплодирана е апликација која работи како спем

Одделот за организиран криминал, поточно Единицата за борба против компјутерски криминал, постапувајќи по пријави за пробиени шифри, идентификувал одредена неправилност на веб-порталот „Фејсбук“.

Станува збор за „аплодирана“ апликација на порталот на „Фејсбук“ која, всушност, е спем што води до наменски направена копија на страницата на логирање на која се прави „фишинг“ на податоците на корисникот, односно ги краде и-мејл адресата и пасвордот.

Порталот „Фејсбук“ дозволува аплодирање на различни апликации од корисниците, така што искористувајќи ја таа можност, аплодирана е апликација која работи како спем. Апликација, главно, се појавува во „нотификејшен“ функција на активниот профил на „Фејсбук“. Со нејзино активирање од корисникот, се отвора копија на страницата за логирање на „Фејсбук“, која не е дел од веб-страницата и бара од корисникот повторно да ги внесе и-мејл адресата и пасвордот што ги користи за логирање на својот профил. Доколку корисникот ги внесе бараните податоци на лажната страница за логирање, тие се достапни на креаторот на апликацијата, а потоа се достапни и за сите корисници на Интернет.

На овој начин, голем број на и-мејл адреси и пасворди на корисници на „Фејсбук“ се направени достапни на Интернет-мрежата, но постои можност тие да бидат злоупотребени, односно искористени за пристап до електронската пошта и до до личните податоци на корисникот.

 


#