Кога ги снема минарињата
Во Атина нема легална џамија од 1832 година, односно од крајот на владеењето на Отоманската Империја, иако муслиманите со години поднесуваат барање за изградба на верски објект, кој ќе ги замени парковите и стадионите каде што ги одржуваат молитвите за големите празници. Според британскиот весник „Гардијан“, за време на Олимпијадата во Атина во 2004, кралот на Саудиска Арабија понудил да финансира изградба на џамија во близина на атинскиот аеродром, понуда која пропаднала поради жестокото противење на Грчката православна црква дека минарето ќе ги збуни туристите и нема да се се сигурни дали слетале во Грција или, пак, во некоја муслиманска држава. Две години подоцна, во 2006 година, пропаѓа уште еден обид за изградба на џамија во Атина по изгласаниот закон на тогашната влада на Нова демократија, овој пат поради упорно противење на граѓаните од населбата каде што било предвидено да се гради џамијата. |